(ВИДЕО) Светот го обиколи снимката на која Новак Ѓоковиќ титулата во Париз ја прославува со своето „НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО“

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои АТП Мастерс 1000 турнирот во салата Берси во Париз. Тој во финалето го победи вториот играч во светот Русинот, Данило Медведев, со 4:6, 6:3, 6:3.
Сепак, една сцена по натпреварот може да ја засени целата приказна на Париз.

Ѓоковиќ по победата се упати кон трибините каде што стоеја неговите деца – синот Стефан и ќерката Тара. Децата воодушевено го гушнаа и бакнуваа тато по победата, а емотивното видео од вчера се споделува на социјалните мрежи.



На трибините кај Стефан и Тара седеа и Горан Иванишевиќ како и сопругата Јелена.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Руски рапер се самоубил поради Путин

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради …