(ВИДЕО+ФОТО) Лицето на легендарниот УФЦ борец по брутален удар со нога се сплескало

На настанот UFC 268, кој се одржал во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, биле видени неколку спектакуларни борби, но фотографијата од лицето на легендарниот американски борец Френки Едгар (40), во моментот кога бил удрен во главата, стана вирална на социјалните мрежи..
Еквадорецот Марлон Вера (28) го нокаутирал со брутален удар од напред, по што судијата ја прекинал борбата.


Ударот со стапалото по брадата на Едгар бил толку брутален што лицето на Едгар се сплескало, а еден од фотографите мајсторски го „уловил“ тој момент, по што фотографијата стана хит на социјалните мрежи и веќе се натпреварува за најдобра оваа година.

Иако фотографијата може да изгледа како да е фотошопирана, тоа не е случај. Легендарниот Едгар, поранешниот шампион во лесна категорија, дури се пожалил на крајот на борбата, но кога го видел своето лице веројатно се му било јасно.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Дали Роналдо конечно ќе ја добие вистинската казна по срамниот инцидент на Олд Трафорд

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед е обвинета од Фудбалската асоцијација на Англија, откако открила видео на …