„Не сакам да се разведам поради нашиот син, но не можам да го поднесам мојот сопруг!“

Неа и недостига интимноста и мажот каков што некогаш бил сопругот, но не знае како да ја промени ситуацијата.
„Не сум сигурна зошто сè уште сум со мојот сопруг. Само поради нашиот син, за кого сакам да порасне покрај двајцата родители. Но, откако го добивме, пред пет години, можам да бројам на прсти од една страна колку пати јас и мојот сопруг сме биле интимни“, напишала една жена за „The Sun“.
Неколку пати го фатила сопругот како гледа порнографски содржини, а ако се обидела да разговара со него за недостатокот на интимни врски, тој се лутел и грубо се оддалечувал и’ од неа и од разговорот.
„Не разбирам што се смени. Дури и ме удри неколку пати. Се чувствувам запоставено, одбивно, но не сакам да бидам таа што ќе се разведе и ќе го лиши нашиот син од семејството“, напишала таа.


Сепак, Деидре (советник за брак и врски) и одговорила:
„Вашиот син е главната причина зошто треба да раскинете со овој човек. Детето кое расте во агресивна куќа или куќа без љубов сигурно ќе биде повредено. Ова не е љубов. Вашиот партнер е физички и емоционално насилен. Вие заслужувате подобро“, и одговорила Деидре.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …