(ВИДЕО) Исповед на лекарка: За што пациентите секогаш жалат кога ќе дојде крајот!!!

Лекарка на TikTok споделила за што луѓето најчесто жалат кога умираат. Од тоа научила важни животни лекции.
Посакуваме да можеме да правиме што сакаме без да се грижиме што мислат луѓето – но животот едноставно не функционира така.
Имаме соништа и амбиции, но за жал, многу нема да станат реалност, пишува Unilad..
Сепак, според корисниците на TikTok, Трпат Сахи, која е лекарка, постои една работа што сите треба да ја направиме за да не бидеме полни со каење во староста.
„Слушајте го ова од некој кој работи со пациенти кои умираат секој ден… буквално, тие се на смртна постела и чекаат да умрат. Престанете да се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас. Престанете да се грижите што ќе мислат за вас ако се обидете да направите нешто, ако се обидете да работите на вашите соништа“, вели докторката во видеото.
„Само престани да размислуваш што мислат другите за тебе затоа што ти не – верувај ми – не сакаш да умираш гледајќи наназад во својот живот и размислувајќи, ‘леле, го живеев мојот живот за некој друг, за да исполнам некоја туѓа среќа и исполнувам туѓи желби и никогаш немав храброст да го направам она што всушност сакав да го правам во животот’“, додала таа.

@tripat.sahiPls stop #growthmindset #personaldevelopment #enterpreneur #judgement #222

loading...

♬ Blade Runner 2049 – Synthwave Goose


Во друго видео докторката вели дека од пациентите научила дека луѓето треба помалку да се осудуваат и да бидат потрпеливи.
А најголемата инвестиција во животот не се парите, туку искуството, вели таа.
На крајот, пациентите не размислуваат за банкарска сметка, туку за убави спомени со најблиските, рекла докторката.

@tripat.sahiSince y’all asked for it #personaldevelopment #growthmindset #spiritual #222 #lifelessons


♬ Blade Runner 2049 – Synthwave Goose

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Вознемирувачко видео) СТРАВ ОД БОИШТЕ – Герашченко сподели видео во кое млад Русин му ја скрши ногата на својот пријател за да избегне мобилизација

За многу Руси, одлуката на Кремљ да повика 300.000 воени резервисти за војната во Украина …