Пет причини кои создаваат јаз меѓу паровите: ЗОШТО СЕ РАСПРАВАМЕ?

Секоја врска во одреден момент може да наиде на проблеми од кои понекогаш е навистина тешко да се излезе. Брачниот советник Рејчел Дејвис открива што е тоа што ги тера паровите најчесто да се расправаат.

Комуникација
Во секоја врска една од клучните работи е комуникацијата меѓу партнерите. И додека некои можеби постојано зборуваат, други претпочитаат да молчат во тишина. Некои инсистираат проблемите да се решат веднаш и сега, додека други избегнуваат да започнат каков било разговор, преправајќи се дека проблемот навистина не постои. Тогаш може да дојде до сериозни несогласувања.
Проблемите можат полесно да се надминат ако парот е подготвен да се соочи со проблемот и да направи некои промени. Запрашајте се: „Што се случува кога сакам да зборувам за нешто важно?“ и „Кога последен пат слушнав што таа/тој имаше да ми каже?“.


Промени кај партнерот
Нормално е луѓето да се менуваат со текот на времето. Некои парови поминуваат низ овие промени заедно, но понекогаш е тешко кога ќе сфатите дека вашиот партнер се променил. Важно е да го прифатите како таков, да одите напред и да не трошите енергија размислувајќи за минатото. Врската сепак може да функционира, важно е да го задржите она што ве исполнува и ве прави среќни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

10. најчести женски и машки фантазии: Сакаат да водат љубов на отворено, сакаат да снимаат „акција“

За сите кои бараат инспирација за подобар секс со партнерот или само се интересираат за …