(ВИДЕО) Открила дека нејзиниот сопруг ја изневерил поради деталите на кожата на бебето

Кога Хејли дознала дека нејзината најдобра пријателка е бремена, направила се за да и го олесни тој предизвикувачки период. Таа покрај трите деца ја возела на сите прегледи, а била со неа и при породувањето. Меѓутоа, три дена подоцна, кога за прв пат ја држела ќерката на својата пријателка во раце, добила шлаканица од суровата вистина.
Имено, таа сфатила дека нејзината пријателка имала афера со нејзиниот сопруг, пишува The Sun.
Додека Хејли му ја менувала пелената на бебето, забележала дека новороденчето има две парчиња рскавица на двете страни на вратот, кои нејзиниот син ги наследил од татко му.
„Забележав дека бебето го има она што ние го нарекуваме ‘испакнатини од куглање“, кои исто така ги имаат и неговите деца. Знаев дека таа е дете на мојот сопруг“, објаснила таа во виралниот TikTok.

@haileymae93Domestic violence abuse survivor. #wedorecover #sobertok #sobrietytok #recoveryispossible #abusesawareness


♬ Know Yourself – Drake


Во моментот кога го сфатила тоа била до нејзината најдобра пријателка, која веднаш знаела што се случува.
„Двајцата видовме и се погледнавме. Морав да излезам бидејќи ми требаше еден момент да обработам сè“, признала Хејли.
Кога се вратила во куќата, нејзината најдобра пријателка веднаш ја признала аферата, но на нејзиниот поранешен сопруг му биле потребни неколку месеци да ја признае прељубата.
Изненадувачки, нејзината најдобра пријателка се преселила во нивниот дом за да си помагаат со децата. Дури и откако таа се иселила, тие останале во добри односи.

@haileymae93#wedorecover #sobrietytok #abusesurvivor

♬ Sound from thereal mikehancho – 10Dimes

Фото: Принтскрин/TikTok/haileymae93

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …