(ВИДЕО+ФОТО) Ејми (8) и питонот се најдобри пријатели, луѓето се ужаснати: „Се надевам дека змијата не е гладна!“

ОСУМГОДИШНАТА Ејми и бело-жолтиот питон по име Шер се најдобри пријатели.
Таткото на Ема, Ед Таока, ќерката ја запознал со Шер кога таа имала само две години, а питонот во тоа време бил многу мал.
„Тие пораснаа заедно“, изјавил Ед за The Dodo.

„Ејми тогаш можеше да го држи во рака, а сега Шер е толку голема што може да ја подигне Ејми“, рекол тој.
„Прво морав да се осигурам дека Шер е подготвена да биде опкружена со луѓе. Поминав часови со неа за да се навикне на човечкиот допир. Од друга страна, морав да се погрижам Ејми да знае како да се однесува кон змијата и колку нежна мораше да биде. Кога се уверив дека и двете се подготвени, ги оставив да се дружат. Но никогаш без мој надзор. Ејми сè уште не смее да ја храни, барем додека не наполни 16. години“, објаснил Ед.

Ед објавува бројни снимки од Ејми и Шер на својот Инстаграм профил и додека за некои ова необично пријателство е премногу слатко, други не се толку воодушевени.

„Ги почитувам змиите, но тие не се домашни миленици“, „Змијата треба да е во дивината“, „Се надевам дека таа змија е секогаш сита“, се само дел од коментарите.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …