(ФОТО) Овој зачин е поефикасен од циметот кога станува збор за ДИЕТА, но не треба да се користи во големи количини

Мускатното оревче ги согорува масните наслаги и помага да се изгубат вишокот килограми.
Мускатното оревче може да се користи во подготовка на разни салати, супи, сосови, јадења, слатки, но малкумина знаат колку е моќен овој зачин кога станува збор за диета.
Бидејќи е богат со влакна, мускатното оревче делува така што ја задржува ситоста подолго и го намалува апетитот.
Исто така, експертите истакнуваат дека овој зачин е одличен за намалување на лошиот холестерол.
Содржи и манган, кој е делотворен за топење на масните наслаги, а единствен недостаток на овој зачин се заситените масти, поради што не треба да се јаде во големи количини.


Примена на мускатното оревче
Мускатното оревче можете да го користите во исхраната така што ќе го изрендате во овошна салата, а можете да го консумирате и за време на појадокот, на пример, ако јадете јајца, овесни снегулки, па дури и пецива.
Се препорачува да се користи како зачин при подготовка на зеленчук, како што се моркови, компири, зелка, спанаќ или карфиол.
На слатките им дава и неодолив вкус, а нема да погрешите ако во шолја топло кафе или чај ставите малку мускатно оревче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …