(ФОТО) Лејди Гага потполно гола на фотографиите за италијански и британски „Вог“

Поп ѕвездата Лејди Гага ги краси насловните страници на италијанското и британското списание „Вог“ за ноември и декември оваа година. Гага во фото едиторијалот позирала целосно гола и зборуваше за својата нова улога на Патриша Регани во филмот „Гучи“ кој ќе излезе на 24. ноември годинава.
Фотографиите ги објави и на својот Инстаграм профил, најавувајќи ги своите две нови насловни страници.
На една од фотографиите Лејди Гага лежи на подот целосно гола. Градите ги покрива само со раце.

На некои други фотографии од магазинот Гага пробува необични модни комбинации во нејзиниот вообичаен стил.


Во својата најава за нови насловни страници, магазинот објасни дека ова е првпат една личност да ги споделува насловните страници на магазинот „Вог“ во две различни земји во светот, поточно во Италија и Велика Британија.

Пред Гага истото го направи и Адел минатиот месец. Таа ги споделуваше насловните страници на британското и американското списание „Вог“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …