По расправија со партнерот доаѓа интимен однос? Еве зошто е тоа така!

Колку пати во филмовите сте виделе љубовен пар да заврши во кревет по расправија? Колку пати во животот ви се случило ова?
Што се случува со нашето тело кога сме лути?
Се зголемува нивото на кортизол (хормон на стрес), се забрзува работата на срцето, се зголемува нивото на тестостерон кој е одговорен за сексуалната желба. Во адреналинска состојба расте и температурата на телото, почнуваме да се потиме. Значи физичките знаци се речиси идентични со оние кога имаме секс.
Разговорот со научниците и психотерапевтите покажал дека се чини дека зад сè стои научно објаснување.
Ова се петте најчести причини зошто расправијата често завршува со секс.

1. Хормони
Нивото на хормони, како тестостерон, адреналин и кортизол (хормони на стрес), се зголемуваат за време на расправијата, особено кога се расправаме со луѓето што ги сакаме.
„Кога телото ослободува кортизол поради стрес, нашите тела и умови можат да копнеат по интимноста што ја обезбедува сексот“, објаснува сексуалниот терапевт д-р Џени Скајлер.


Од друга страна, оргазмот го стимулира производството на серотонин, допамин, адреналин и окситоцин (хормон на љубовта), кој го ублажува ефектот на хормоните на стресот, објаснува терапевтот за секс и врски, д-р Ендрју Арон. Тоа значи дека додека хормоните кои се ослободуваат за време на расправија ве „подигнуваат“, хормоните кои се ослободуваат после секс ве смируваат и прават да се чувствувате задоволни, а исто така ви даваат чувство на моќ и сигурност.


2. Еволуција
Жешките игри по лута борба со партнерот отклучуваат длабок и исконски дел од нашата психа.
„Сексот по расправија не само што дава олеснување, туку и создава возбуда. Од закани преминувате во чувство на победа во надминувањето на заканите и радоста на преживувањето”, објаснува Арон. Во основа, можете да се чувствувате како да сте надминале нешто опасно и како резултат на тоа вашето тело станува возбудено или „напалено“.

3. Анксиозност и возбуда
Возбудата и анксиозноста го зголемуваат пулсот, протокот на крв и дишењето.
„Возбудата од едната од овие емоции веројатно ќе се пренесе на другата“, објаснува сексуалниот терапевт д-р Роберт Томас, ко-основач на Sextopedia.
Кога сме под стрес, како оној предизвикан од расправија, нашиот нервен систем е возбуден, што го стимулира нашиот одговор во кој избираме да се бориме или да трчаме, што не исполнува со енергија и не прави мотивирани да делуваме физички на некој начин.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТРИК ШТО ГИ СПАСУВА БРАКОВИТЕ: Одвојте само пет минути дневно, доволно е…

Почетокот на љубовната врска е толку возбудлив. Тогаш сè уште уживаме во романтиката и нежноста …