(ФОТО) Гери Кол го презема тимот на Гибс во NCIS, фановите не се задоволни од одлуката

Американскиот актер Гери Кол повторно се враќа во серијата „Navy CIS“, но во нова и поважна улога.
Кол во серијата го игра агентот Паркер кој го презема водството над тимот откако Гибс ќе се пензионира.
Во интервју за TV Insider, Кол открил некои карактеристики на неговиот лик, но истакнал и дека Паркер нема намера да го замени Гибс.
„Паркер не е премногу зборлив, но тој е повербален од Гибс. Тој не е толку многу ‘старата школа’, тој се обидува да научи да ја користи технологијата и да ги импресионира сите. Тој се обидува да се вклопи во остатокот од тимот. Иако тоа не сака да го признае, тој му се восхитува на Гибс што ги прекршил правилата. Паркер се ридржува до правилата“, истакнал Кол.

Тој додал дека од ликовите во серијата, на Паркер најмногу му се спротивставува агентот Торес (Вилмер Валдерама), додека агентот Мекги (Шон Мареј) многу подобро ја прифатил промената.
Во разговорот тој додал дека она што најмногу го разликува од Паркер е тоа што ја мрази технологијата.

Веста за заминувањето на агентот Гибс (Марк Хармон) по 18. сезони изненади многу фанови, а некои не ја прифаќаат неговата замена.
„Драг Паркер, те молам поднесе оставка и вратете го Гибс каде што му е местото“.
„Не ми се допаѓа овој лик. НИКОГАШ нема да го замени Гибс“.
„Нема NCIS без Марк Хармон!“
Сепак, други решиле да му дадат шанса на Паркер, иако речиси сите се согласуваат дека никој не може да го замени легендарниот Гибс.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …