Уапсена Унгарка: Сметка за кафе наплатила 583. евра, полицијата спровела сеопфатна истрага

Унгарската полиција спроведува масовни апсења на сопственици на ресторани кои систематски ги ограбуваат туристите наплаќајќи им вртоглави цени за услугите.
Во паб во центарот на градот келнерите биле фатени на дело кога германски турист одбил да плати 210.000 форинти (околу 583 евра).
Полицијата ги уапсила сопственичката на ресторанот и нејзиниот син, а за деталите од нивната работа ќе зборуваат пред истражен судија.
Туристот рекол дека сакал да испие само една шолја кафе, а келнерите постојано носеле пијалоци кои тој не ги нарачал.
А кога одбил да ја плати финалната сметка, му се заканувале со полиција, но и со плаќање на трошоците на преведувачот.
Истите сопственици водат уште два локала во Будимпешта, од кои едниот е во најпознатата улица Ваци, популарно шеталиште за туристите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите Речиси секој знае некои луѓе кои …