(ВИДЕО+ФОТО) ЗБОРОВИТЕ НА МОНСТРУМОТ ОД ВОЗОТ ВО ТОКИО ЈА ЛЕДАТ КРВТА ВО ЖИЛИТЕ: „Џокер“ нападнал луѓе со нож, па го запалил вагонот!

Маж (24) облечен во ликот на Џокер од стрипот за Бетмен во неделата вечерта избодел најмалку 17. патници во воз во Токио, а потоа запалил оган.
На видеата кои се проширија на социјалните мрежи се гледа како патници трчаат низ вагони како бегаат од пламените јазици и се обидуваат да избегаат низ прозорците, со помош на спасувачките служби.
Мажот бил облечен во костим на Џокер од филмовите за Бетмен, објавија медиумите.
„Мислев дека тоа е шега за Ноќта на вештерките“, изјавил еден сведок за весникот „Јомуири“, потсетувајќи се на моментот кога видел други патници како панично бегаат кон друг вагон.

-Тогаш видов човек како оди по овој пат, полека замавнува со долг нож, додал, забележувајќи дека на ножот има крв.

На видеата кои се проширија на социјалните мрежи се гледаат патници кои трчаат низ вагони како бегаат од пламените јазици и се обидуваат да избегаат низ прозорците, а спасувачките служби им помагаат.

Сакал да биде осуден на смрт?
Локалните медиуми јавуваат дека полицијата го уапсила мажот на лице место, како и дека тој рекол дека сакал да убие луѓе за да биде осуден на смрт.
Новинската агенција АП јави дека тројца патници биле тешко повредени во нападот.

Извор: Index.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …