Ова се најсрамежливите хороскопски знаци: Девицата сака да биде „зад сцената“, а на Лавот воопшто не му е грижа

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Срамежливоста може да биде камен на сопнување во постигнувањето на целите. За некои знаци тоа е природно и им треба многу храброст да ја победат, а за некои тоа е само поим од книги што не го ни разбираат најдобро.
1. Девица
Девицата е најсрамежливиот знак во Зодијакот и не сака да го привлекува вниманието кон себе освен ако тоа не е апсолутно неопходно.
Таа е повеќе од типот на личност зад сцената која знае „како да ги прави работите“, но не мора и не сака да биде препознаена за целата нејзина работа. На Девицата и е важно само тоа што знае што постигнала, не и требаат туѓи потврди.
Кога е во непозната ситуација со нови луѓе, Девицата многу тешко се отвора. Освен ако не е во познато друштво, ќе биде повлечена и срамежлива.

2. Рак
Срамежливоста на Ракот доаѓа од чувството на несигурност.
Многу се труди да изгледа добро и има позитивна енергија, но понекогаш и тоа не е доволно. Без разлика дали станува збор за прв состанок или нова работа, тој се повлекува во себе во страв да не се истакне.
Неговите несигурности дополнително се зголемуваат поради вроденото сомневање. Дури и ако се обидете да му кажете дека сè е во ред, големи се шансите дека нема да ви верува додека не се увери сам.


3. Риби
Рибите се срамежливи најмногу затоа што постојано се грижат за се.
Наместо да ужива во друштвото со кое е, таа е преокупирана со своите негативни мисли и така ќе остане додека некој не ја убеди дека се е во ред.
Од сите луѓе во нивниот живот, Рибите се најмалку самоуверени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Златен ретривер ги видел патките и скокнал во водата зад нив, сцената е урнебесна…

ОНА што започнало како лесна прошетка за ова куче брзо се претворило во повозбудлива игра …