Диета која на сите им успева: За 14. дена може да се истопат 10 кг. кои никогаш не се враќаат

Оваа диета речиси и не содржи јаглени хидрати и поради тоа е толку успешна. Доколку сакате да ослабете, оваа диета која се базира на варени јајца може да биде вистинското решение за вас.
Иако во оваа диета се дозволени мал број намирници, сепак ваквиот режим на исхрана може да го забрза вашиот метаболизам и да ги согори масните наслаги.
Диетата со варени јајца трае 14 дена, а доколку сте примерни и се придржувате буквално кон упатството, килограмите кои ќе ги изгубите нема повторно да се вратат, како што тоа е случај со повеќето јо-јо диети.
Покрај менито, потребно е да пиете доста вода за да помогне во исфрлањето на отровите и метаболните продукти настанати при согорувањето на мастите, но исто така, се препорачува да бидете повеќе физички активни и по можност да вежбате половина час дневно.
Овие три правила МОРА да ги почитувате:
– не смеете да јадете брза храна
– забранети се алкохол и засладени пијалаци
– намалете го внесот на шеќер – на минимум


МЕНИ ЗА ПРВА СЕДМИЦА
Појадокот е ист за сите денови: 2 варени јајца и половина цитрус (портокал, цитрон или цела мандарина)

ПОНЕДЕЛНИК
Ручек: 2 помали компири и 2 јаболка
Вечера: 1 голема порција салата и парче пилешко бело месо печено без многу маснотии


ВТОРНИК
Ручек: зелен зеленчук и пилешка салата
Вечера: салата од зеленчук, 1 портокал и 2 варени јајца

СРЕДА
Ручек: поссно сирење, 1 домат и 1 сладок компир (батат)
Вечера: салата по избор и парче пилешко

ЧЕТВРТОК
Ручек: овошје по избор
Вечера: салата и пилешко варено на пареа

ПЕТОК:
Ручек: варен зеленчук и 2 јајца
Вечера: салата и чадена риба

САБОТА
Ручек: овошје по избор
Вечера: пилешко и зеленчук варени на пареа

НЕДЕЛА
Ручек: доматна салата, зеленчук готвен на пареа и пилешко
Вечера: зеленчук варен на пареа

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …