(ФОТО) Се огласила девојката од најдегутантната фотографија на Инстаграм: Ништо не е случајно!

Секој сериозен инфлуенсер на Инстаграм вредно прикачува селфи со надеж дека еден ден целиот свет ќе ја погледне. На Џејн Ривера тоа и успеало со само една фотографија. Од погребот на нејзиниот татко.
Џејн Ривера е фитнес модел од Мајами, а ќе остане позната по „најдегутантната“ фотографија на Инстаграм која и донела светското внимание.
Девојката на својот профил со околу 85.000 следбеници објави слика, како стои покрај отворен ковчег во секси црн фустан и популарни пози кои ја истакнуваат нејзината одлична фигура.

А кога луѓето сфатиле дека нејзиниот покоен татко лежи во ковчегот и дека Џејни всушност добила инспирација да се фотографира на неговиот погреб, Интернетот се вжешти.


„Ова е неверојатен израз на непочитување“, „Ова е најстрашната објава на Инстаграм што сум ја видел“, „Болна си“, „Избриши ги овие слики и извини се“, се дел од коментарите кои стигнаа до адресата на Џејн.
Но доцна.
Фотографијата брзо се прошири на другите мрежи, а Џејни доби простор и во светските медиуми кои изјавија дека „крајно невкусно е една млада жена да го користи мртвото тело на нејзиниот татко за лајкови додека тој буквално лежи мртов зад неа“.
Џени во меѓувреме ја ставила спорната фотографија како профилна фотографија, а во една од објавите посветени на нејзиниот татко понудила „објаснување“.
„Нема ништо лошо во тоа што го објавив и се држам до тоа. Се фотографирав со најдобра намера на начин на кој татко ми би го одобрил да беше уште жив. Секој на свој начин се справува со загубата на саканата личност; некои се потрадиционални, додека други може да изгледаат табу. Стоев како татко ми да е веднаш до мене и позирав пред камерата како што тоа го правев во многу наврати досега“, изјавила таа.

Па, дефинитивно не „случајно“ го поставила, можеби на почетокот сметала на правилото според кое ‘ лоша реклама е добра реклама.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Руски рапер се самоубил поради Путин

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради …