Се омажила како девица и тоа останала следните 12. години

Кендра Блер пораснала во строго католичко семејство и знаела дека нема да има секс до првата брачна ноќ. Дури кога се омажила се соочила со своите чувства, очекувајќи го првото сексуално искуство.
Кога дошол тој посебен момент за неа и нејзиниот сопруг, нешто не било во ред и не можеле да го „консумираат“ бракот.
„Се обидовме да имаме секс ден по венчавката, но не успеа. Мислев дека сум нервозна затоа што не знаев што да очекувам. Пораснав во конзервативно христијанско семејство и сексот не беше тема за која членовите на моето семејство некогаш разговараа. Но, кога се обидов да имам однос, ми се чинеше дека таму имам коска што мојот сопруг не можеше да ја пробие“, објаснила Кендра, која денес има 39. години.
Следните неколку месеци очајнички се обидувале да остварат однос, но безуспешно. Кендра конечно нашла храброст и решила за тоа да разговара со нејзината мајка.
„Таа мислеше дека мојот химен можеби е премногу затегнат. Тоа е кожата што го опкружува или делумно го покрива вагиналниот влез, па таа рече дека треба само да се опуштам. Мојот сопруг и јас трпевме фрустрации со месеци и знаев дека е нешто друго, но сите само ми велеа да се опуштам“, рекла таа.

Конечно, за својот проблем разговарала со маќеата на нејзиниот сопруг, која ја однела на гинеколог. Обидот за преглед резултираше со иста реакција како и обидот за пенетрација.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …