Ова се најдобрите нискокалорични „грицки“ со кои можете да го залажете гладот

КОГА ќе поминете низ продавница, изборот на грицки е неограничен. Речиси сè е достапно – од чипс и геврек до колачиња и слатки. Меѓутоа, доколку се грижите за линијата, треба да посегнете по нискокалорични и здрави опции кои ќе ви помогнат да ги намалите сантиметрите во струкот а кои во исто време ќе ве заситат.
Според диететичарот Лиза Московиц, најдобар избор е секако здравата храна.
„Свежото овошје и зеленчук имаат волумен, крцкавост и клучни хранливи материи и минимални калории“, вели таа.


Нејзината препорака е да исечете зеленчук како краставици, моркови и црвени пиперки и да го потопите во намаз богат со протеини како хумус, сирење што може да се намачка или грчки јогурт со зачини. Таквите оброци содржат помалку од 100 калории.
Ако тоа е премногу работа за вас, секогаш можете да исечете свеж зеленчук порано и да го чувате во фрижидер за да ви биде при рака кога ќе почувствувате глад.



Ако сте за послатката варијанта, Московиц препорачува исечено јаболко со четвртина шолја сирење рикота (или несолена урда) и цимет, што е заситувачки десерт со помалку од 200 калории.
„Иако не секој, или барем не треба, да обрнува внимание на калориите, корисно е општо разбирање за тоа колку калории ви се потребни и што има во храната што ја јадете. Недостатокот на калории може да доведе до нутритивни недостатоци и здравствени проблеми. Прејадувањето исто така доведува до проблеми и прекумерна тежина“, заклучила таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Јадете се’, а килограмите паѓаат: Нутриционистка ја открила тајната на слабеењето

НУТРИЦИОНИСТКАТА Лин Вард промовира одржливо губење на тежината. Таа се залага луѓето кои сакаат да …