ИСЧЕЗНАЛ РОМАНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ: Се задолжил кај лихвари, па немал да враќа

НЕРЕАЛНИ вести доаѓаат од Романија. Поранешниот репрезентативец Банел Николица исчезнал и му се губи секаква трага, јавуваат локалните медиуми.
Наводно, Николица морал да ја напушти Романија, а тамошните медиуми напоменуваат дека се сокрил од Лихварите откако му позајмиле 100.000 евра кои не можел да им ги врати.
Поранешниот фудбалер на „Стеауа“ летово ја заврши играчката кариера во романскиот третолигаш „Фауреи“, но повеќе ги полни медиумските колумни поради однесувањето надвор од теренот.
По веста дека исчезнал, се огласил неговиот брат Стелијан.
– Не можам да ви кажам каде е, но Банел не избега. Тој игра фудбал и тренира некои деца во странство. Навистина ме забавуваат приказните за Банел што ги измислуваат новинарите. Не е должен и е во добра здравствена состојба – изјавил братот на Банел.

loading...

Порталот „Диги спорт“ ексклузивно ја објавил информацијата дека романскиот фудбалер се наоѓа во САД, каде се вработил како ѕидар за плата од 3.000 долари месечно, од кои 1.000 долари им испраќа дома на своите доверители кај кои се задолжил.
Сопственикот на FCSB, Џиџи Бекали, немал поим каде се наоѓа неговиот поранешен фудбалер во моментов:
– Не знам ништо за ситуацијата на Банел Николица и не знам што прави. Долго време не разговарав со него и, искрено, не ни знаев дека од Романија заминал во САД. Да не беше со него во Браила или Фауреја? Ситуацијата на Банел навистина не ме интересира бидејќи имам други работи на ум. Секој оди на својата работа и проблеми“.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ИСПУШТАЊЕ НА CO2 – Меси, обвинет за загадување на воздухот, го направил она што на просечниот човек му требаат 150. години за да го направи

Француските медиуми објавија дека приватниот авион на Лионел Меси извршил 52. лета во последните три …