АЛБАНИЈА СЕ ТРЕСЕЛА: Земјотрес кај Тирана е почувствуван и во Македонија

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека утрово во источна Албанија е регистриран земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 58. километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10. километри, што е почувствуван и во Македонија.
Секторот за сеизмологија при Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека во 8.10 часот регистриран е земјотрес со средна јачина, со епицентар во Албанија, на 20. километри западно од Дебар во Македонија.


Јачината на земјотресот во епицентарот бил 4,5 единици според Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет на VI степен од Меркалиевата скала, објавено е на веб-страницата на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.
Според првичните податоци, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12. километри.
Земјотрес од таа јачина можел да предизвика само мала материјална штета во епицентралното подрачје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е спомен на Светиот пророк Авдиј

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога …