Што го очекува секој знак во 2022. година: Прогноза на познат руски астролог

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Рускиот астролог Тамара Глоба открива каква ќе биде следната година, што ни носи на полето на љубовта, кариерата и здравјето.
Овен
Родените во овој знак во првите три месеци од 2022. година ќе почувствуваат мал, но значителен раст и напредок. На почетокот ќе треба да се соочите со одредени проблеми, но тие наскоро ќе останат зад вас. Се обидувате да ја намалите нервозата.
Сè додека планетата Сатурн е во знакот на Јарец, се ќе биде во ред. Бидете трпеливи, бидејќи само така ќе постигнете успех.
Ако размислувате за промена на професијата, не брзајте да донесувате одлуки. Избрзаните постапки може скапо да ве чинат.

Бик
Претставниците на овој знак се вистинските среќници. Самиот почеток на годината носи многу добри вести. Затоа добро размислете што сакате да постигнете во 2022. година и почнете да ги реализирате вашите планови уште во јануари. Ѕвездите ќе ви бидат наклонети, па се што ќе започнете ќе завршите успешно.
Следната година ќе биде период на големи можности. Околностите ќе одат во ваша корист, а на вас останува паметно да ги искористите.


Близнаци
2022. година ќе биде неверојатна за сите претставници на овој знак. Ќе биде период полн со позитивна енергија, деловни можности, но и интересни средби на љубовно поле.
Сè што ќе замислите, ќе добиете оваа година без многу труд. Ѕвездите се на ваша страна и нема простор за грижа.
2021. година не беше премногу возбудлива, но следната носи забава, возбуда и радост во вашиот живот.
Останете позитивни и мотивирани затоа што 2022. е ваша година!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Колку коњи гледате на сликата? Оптичка илузија која предизвика расправија меѓу сликар и научник

Оптичките илузии обично предизвикуваат збунетост на Интернет, но неодамнешната слика за која се вели дека …