(ФОТО) Сопругата не го исклучила Фејсбук, сопругот дознал страшна вистина: Јас сум тој што ринта, а таа „ми набива рогови!“

Па со колку од нив ме изневери?
За Сет Мегу (33) од Валдоста во САД, светот се срушил за миг. Сè во што верувал се распаднало како кула од песок на ветрот. Сфатил дека неговото идилично семејство е само лага.
Имено, една вечер видел вклучен компјутер со отворен Фејсбук профил на неговата сопруга Криси. Нешто не му дало мир и тој тргнал да ги провери нејзините пораки. Она што го нашол таму не го очекувал ниту во најтемното сценарио – сопругата го изневерувала, но не со еден маж, туку со неколку.
Пред очи му летнал нивниот десетгодишен брак, раѓањето на четири деца… Се сетил како живееле убав семеен живот осум години, биле среќни, барем така нему му изгледало. Меѓутоа, во последните две години, Криси повеќе не изгледала како жената што била. Комуникацијата меѓу нив ја немало, таа останувала подолго надвор, понекогаш не доаѓала дома по цела ноќ.
Меѓу пораките на Фејсбук се нашле и оние со кои тој сфатил дека се гледа со маж веќе една година. Бил депресивен. Своето непријатно искуство го опиша на блогот „Love What Matters“.


„Јас сум само момче кое десет години беше во брак со најдобрата пријателка и кој дозна дека го изневерува со повеќе мажи. Тоа доведе до крајот на нашиот брак. Имаме осум прекрасни години зад нас и две кои беа како пекол“, напишал тој.
Тој се обидувал да открие зошто го изневерува, па причините за тоа ги барал во тоа што таа боледува од постпородилна депресија и почнала со некои благи зависности, не спомнал дали станува збор за алкохол или полесни дроги. Се сетил како се запознале.
„Имавме мирна врска исполнета со радост и доверба. Се заљубивме и се венчавме кога имавме само 19. години. Заедно поминавме низ факултет, одевме во авантури, волонтиравме заедно… Имавме четири прекрасни деца, купивме куќа, имавме исклучително здрава физичка интимност. Се поддржувавме еден со друг во нашите соништа“, рекол тој.


„По осум години и четири деца; Стиви, Нил, Титус и Олив, почнав да чувствувам дека нешто не е во ред. Отпрвин верував дека тоа е поради стресот на работа, многу деца и нов дом. Се обидов да седнам и да разговарам со неа, но беше исклучително тешко. Ме интересираше каде одеше ноќе, но таа избегнуваше да одговори“, продолжил тој.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …