КОРОНА ВИРУС ВО СПОРТОТ – Проблемот е решен? Ѓоковиќ и другите можат да играат на Австралија опен под еден услов!

Се чини дека на невакцинираните тенисери нема да им биде забрането да дојдат на Австралија опен, но под еден услов ќе можат да настапат на првиот Грен слем на сезоната.
Во писмото испратено до тенисерите се наведува дека оние кои се вакцинирани со две дози од вакцината против коронавирус ќе можат без проблем да влезат во Австралија, а сите останати по пристигнувањето ќе мора да поминат 14. дена во карантин.
„Истите правила важат за сите, без разлика дали станува збор за победник на Грен слем, премиер, деловен патник, студент… Да не добиев две дози, по враќањето од Глазгов, ќе бев ставен две недели во карантин“, изјавил австралискиот премиер Скот Морисон.


View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


Ѓоковиќ: Не знам дали ќе одам таму
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, одбива да каже дали ја примил вакцината и неодамна изјави дека би можел да го пропушти Австралија опен, турнир кој го освои рекордни девет пати.
„Ја следам ситуацијата и конечната одлука ќе биде на почетокот на ноември. Не верувам дека условите ќе се променат многу, веројатно ќе има, како и оваа година, многу ограничувања. Колку што слушнав, Австралијците се обидуваат да се подобрат условите за сите. И за оние кои се вакцинирани и за оние кои не се. Не знам дали ќе одам таму, не знам што се случува. Ситуацијата воопшто не е добра. Ако ставиш во карантин професионален спортист, тој да не може да излезе од собата… Тој нема да може да игра на вообичаеното ниво а се зголемува и ризикот од повреда. Мислам дека многу играчи ќе размислат дали ќе одат во Мелбурн. Страшно е тоа што се случува во општеството помеѓу вакцинираните и невакцинираните.Не ми се верува дека ги дискриминиравме луѓето според тоа дали се вакцинираат или не. Многу сум разочаран од тоа што општеството и медиумите вршат притисок врз сите луѓе. Има многу нејаснотии. Нема да откријам дали сум се вакцинирал. Тоа е приватна работа и несоодветно прашање“.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …