ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ: Поради асистентот кој му го дал пиштолот на Алек Болдвин, веќе имало инциденти за време на снимање на филм!

Помошникот на режисерот на филмот „Rust“ кој минатата недела му ги предаде пиштолот реквизит на актерот Алек Болдвин пред фаталното пукање, добил отказ од филмската продукција во која претходно бил ангажиран бидејќи член на екипата бил повреден во сличен инцидент со оружје, соопштиле од продуцентската куќа на филмот „Rust“.
Дејв Холс бил ангажиран како помошник-режисер на сетот на „Патот на слободата“ во 2019. година, кога пиштолот „неочекувано пукнал“ на сетот, по што еден член од тонската екипа се повлекол поради оштетување на слухот и ја запрел целата продукција, било соопштено е од продукциската куќа на филмот „Rust“,Rocket Soul Studios.


Еден член на звучната екипа бил прегледан од лекар на сетот и бил советуван да побара специјалистичка лекарска помош.
Повредениот тонец неколку дена подоцна се вратил на снимање, но по тој настан Холс бил отпуштен од продукцијата, соопштија од Rocket Soul.
Холс бил отстранет од сетот веднаш по неочекуваното пукање од пиштолот, снимањето не продолжило додека тој физички не ја напуштил локацијата, а потоа бил направен и поднесен извештај за тој инцидент“, се наведува во соопштението.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Блаж Маротов со „Нека се вратат златните времиња“ не потсетува на некои други оптимиситчки периоди и места

Блаж Маротов има нова песна… малку поразлична од неговиот претходен опус…со наслов „Да ги вратиме …