(ФОТО) „ЈА ДРЖЕВ ВО ПРЕГРАТКА ДОДЕКА УМИРАШЕ“: Потресна исповед на колега по смртта на Халина Хачинс

Главниот електричар на снимањето на филмот „Rust“ напишал емотивна објава на Фејсбук во која ги обвинил продуцентите за несреќата во која Алек Болдвин пукал од реквизит пиштол кога настрадала директорката на фотографија Халина Хачинс.
Серж Светној изјавил дека стоел до Хачинс на сетот кога се случила трагедијата.
„Застанав рамо до рамо до Халина за време на овој фатален настан што и го одзеде животот и го повреди режисерот Џоел Соуза“, напиша тој.
– Ја држев во раце додека беше на умирање. Нејзината крв беше на моите раце – додал тој.
Светној рекол дека работел со Хачинс на неколку филмови и за трагедијата обвинил за „небрежност и непрофесионалност“ на оние кои ракувале со оружје на сетот. Тој рекол дека продуцентите ангажирале „неискусен оружар“.
– За да заштедите, вработувате луѓе кои не се целосно квалификувани за комплицирана и опасна работа и ги ризикувате животите на блиските луѓе, но и нивните сопствени животи – напишал тој.


– Разбирам дека секогаш се борите за буџетот, но не можете да дозволите да се случи вакво нешто. Секогаш треба да има барем еден експерт во секој оддел кој ја знае својата работа. Неопходно е да се избегнат вакви трагедии.
Тој во емотивната објава им се обратил на продуцентите и истакнал дека „не се тие што им даваат можности на луѓето што ги ангажираат за пари, туку овие луѓе им помагаат да заработат“.
– Со ангажирање професионалци купувате мир за себе и за луѓето околу вас. Вистина е дека професионалците може да чинат малку повеќе, а понекогаш се и малку понапорни, но се исплати. Ниту еден заштеден денар не вреди човечки живот!
-Не сакам никој да помине низ она низ што поминав јас, низ што поминаа нејзиниот сопруг и син, но и актерот Алек Болдвин кому на сетот му дадоа пиштол. Мора да живее со фактот дека одзел нечиј живот поради непрофесионални луѓе“.


Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Еден од најталентираните млади хрватски пејачи има нова песна: Во спотот, како и во животот, Марко ѝ трча во прегратка

Марко Кутлиќ еден од најталентираните хрватски изведувачи од поновата генерација, а кој, како што изјави …