Во Бугарија рекорден број заразени и починати од корона

БУГАРИЈА, која има најнизок процент на вакцинирана популација во ЕУ, објави рекорден дневен број на инфекции и смртни случаи од коронавирус.

Повеќе од 5.800 нови случаи
Во последните 24 часа во Бугарија со коронавирус се заразени 5.863 лица, а 243. починале, покажуваат тамошните официјалните податоци. Досега од корона во земјата, која има околу 7. милиони жители, починале 23.316 лица.
Бугарија воведе задолжителни здравствени пропусници за повеќето затворени јавни места поради ширењето на инфекцијата и слабата покриеност со вакцинација. Ограничувањата предизвикаа протести, а некои политички партии ја обвинија преодната влада за лошо управување со пандемијата пред изборите на 14. ноември.
Здравствените служби предупредија дека ако новиот бран на инфекција не забави, ограничувањата би можеле да бидат уште поголеми бидејќи болничкиот систем сè потешко се справува со толку многу заболени.


Само четвртина од Бугарите се целосно вакцинирани
Во моментов, има повеќе од 7.100 лица на болничките одделенија за ковид, од кои 608. се на одделенијата за интензивна нега. Според податоците, повеќе од 90. отсто од пациентите не се вакцинирани.
Бројот на вакцинирани почна да се зголемува од минатиот четврток, кога властите го ограничија влезот на многу јавни места. Само оние кои биле вакцинирани, имаат негативни тестови или ја преболеле инфекцијата можеле да влезат во ресторани, кина и спортски сали.
И’ покрај тоа, бројот на вакцинирани е сè уште многу низок. Како главни причини за скептицизам кон вакцината се сметаат недовербата на граѓаните кон државата и контрадикторните пораки од политичарите и експертите. Во Бугарија досега целосно се вакцинирани само 24. отсто од населението, додека просекот во ЕУ е 74. отсто.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елизабет Харли во тесен фустан кој едвај и ги покрива градите

Британската актерка Елизабет Харли (56) на својот Инстаграм профил објави кратко видео од снимање и …