(ВИДЕО) МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН: Не знаела дека е бремена, медицинските сестри и го пронашле бебето во панталоните

Жена од Велика Британија ги изненадила сите со својата животна приказна
Глинс, која никогаш не планирала да има деца со избраникот Џејмс, по породувањето доживеала вистински шок, не ни знаејќи дека е бремена.
Таа открила дека се породила во моментот кога медицинските сестри го пронашле бебето во нејзините панталони.
– Не користев контрацепција три години и ништо не се случи, па заклучив дека сум премногу стара и дека нема шанси да забременам – изјавила жената во една емисија на каналот TLC.
– Никогаш не се чувствував уморена, немав болки во грбот. Нормално ги извршував моите секојдневни задолженија. Ниту една облека не ми стана тесна, нормално ги закопчував панталоните. Единственото нешто што ми требаше беше мраз.
Глинс немала никакви симптоми на бременост, се’ додека во мај 2007. година не почнала да чувствува силни болки во желудникот додека ја подготвувала вечерата.


Немала никакви симптоми на бременост
– Почувствував како некој да ме удри со нога. Се згрчив од болка и дишев брзо. Мислев дека е најпаметно да легнам малку, но тоа беше погрешна одлука бидејќи подоцна не можев да станам. Болките стануваа се почести и поинтензивни – рекла оваа жена и додала дека штом нејзиниот сопруг стигнал дома, ја однел во болница.
– Отидов во тоалет. Кога се обидов да излезам, забележав капки крв. Ме фати параноичен страв дека ќе умрам и почнав да им се јавувам на моите сестри. Почувствував млаз топла вода меѓу нозете и како да испадна нешто и болките престанаа – изјавила Глинис.
Медицинските сестри дотрчале и ги исекле панталоните, а потоа доживеале шок кога го виделе бебето.
-Ја родив ќерка ми буквално во панталони. Потоа се’ ми помина низ глава, ниту бев на лекар, ниту имав грижа – додала таа.
И покрај нејзините мрачни претчувства, таа родила здраво девојче тешко дури шест килограми, кое го нарекле Ејнџел. Иако не планирале да имаат деца, биле воодушевени и брзо се справиле со улогата на родители.
– Вистинскиот благослов е што нашата ќерка сепак се роди здрава – рекол Џејмс.

Фото: Принтскрин/Youtube//TLC


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …