(ФОТО) „ПОЧИВАЈ ВО МИР, ПРИЈАТЕЛЕ! Потресно збогување на Џои од колега од познатата серија

Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, кој е најпознат по улогата на Гантер во серијата „Пријатели“, починал на 59-годишна возраст.
Тајлер починал мирно, во својата куќа во Лос Анџелес во неделата наутро, се вели во соопштението на неговиот менаџер. Во 2018. година, на Тајлер му беше дијагностициран напреднат рак на простата, кој подоцна се проширил на неговите коски.
– Сакајќи да им помогне на што повеќе луѓе, тој храбро ја сподели својата приказна и стана борец за оние со простата да направат тест на крвта на 40. години – рекол неговиот менаџер.
Иако немаше исто време на екранот како шесте главни ликови од „Пријатели“, Гантер беше и остана популарна личност меѓу обожавателите на „Пријатели“.

Од Тајлер се прости и неговиот колега Мет Лебланк.
– Многу се смеевме друже. Ќе ни недостигаш. Почивај во мир, пријателе – напишал Мет Лебланк, популарниот Џои од серијата „Пријатели“.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, …