(ФОТО) ЕД ШИРАН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС: „Им се извинувам на сите што ги разочарав“

БРИТАНСКИОТ кантавтор Ед Ширан е позитивен на корона вирусот, но тој ќе продолжи да настапува и да дава интервјуа од својот дом во Сафок.
Ширан на Инстаграм објави дека ќе биде во самоизолација, согласно насоките на британската влада.

– Им се извинувам на сите што ги изневерив, сите бидете безбедни – напишал Ширан.
Британскиот текстописец и кантавтор минатата недела настапи во Лондон за време на доделувањето на наградите Earthshot, наменети за оние кои се обидуваат да ја спасат планетата.


Наградите ги доделува Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Приказната за тоа како Кијану Ривс воодушевил една баба ги топи срцата: „Јави и се…“

Покрај тоа што е холивудска легенда, Кијану Ривс е познат и како кул дечко, а …