Откриено е зошто Болдвин ја застрелал директорката на фотографија: Еве што вели режисерот Џоел Соуза

Режисерот на филмот „Rust”“, Џоел Соуза открил како точно се случила трагичната несреќа во која холивудскиот актер Алек Болдвин ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс.

Според Соуза, Алек Болдвин вежбал сцена во која требало да покаже со револвер кон камерата, кога одеднаш пиштолот пукал и ја убил директорката на фотографија, при што него го повредил.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)

На членовите на филмската екипа претходно им било кажано дека пиштолот е безбеден.
Се слушна звук „кој делуваше како камшик, а потоа силен истрел“.
На тој начин, изјавата на Соуза во полицијата одговорила на прашањето зошто пиштолот бил вперен кон директорот на фотографија, но тој не одговорил на прашањето како е можно пиштол кој не требало да содржи вистинска муниција на крајот да убие некого на снимањето.
Режисерот во полиција изјавил дека мислел дека оружјето е безбедно, бидејќи му било опишано како „ладен пиштол“, што во професионалниот сленг е израз за безбеден реквизит.
Тој, исто така, рекол дека целото оружје на сетот било прегледано и дека тоа е работа на оружарката Хана Гутиерез-Рид. Секое парче оружје било прегледано и од помошникот режисер Дејв Холс, кој потоа оружјето ќе им го предаде на актерите.
Соуза додал дека во четвртокот е снимена сцена во црквата. По подготовките за снимање на таа сцена, имало пауза за ручек, која се одржала на друга локација. По паузата се вратиле на сетот, но дека „не е сигурен дали оружјето е повторно проверено“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by spn_is_family (@spn_is_family)

„Њујорк тајмс“ пишува дека сведочењето на Соуза е досега најдеталниот опис на трагедијата на ранчот во Санта Фе.
Болдвин седел на црквата клупа, каде што вежбал сцена со вкрстување на револвер, кој потоа требало да биде насочен директно кон камерата. Соуза во тој момент стоел до Халина Хачинс и го проверувала аголот на камерата.
Во тој момент ја видел Хлина Хачинс како се фаќа за градите и паѓа наназад. Дури тогаш виде дека и тој крвари од рамото.
Извештајот го составил детективот Џоел Кано.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тужба за СЗО: „Ми ја уништувате работата. Размислете …“

Сибирскиот претприемач ја има несреќата што неговата компанија се вика Омикрон и се занимава со …