(ВИДЕО) „ПРИЈАТЕЛИТЕ“ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ИСТИ: Рејчел се прости од својот Гантер – Џенифер испрати емотивна порака!

Џенифер Анистон преку својот Инстаграм профил се прости од својот долгогодишен пријател и колега Мајкл Тајлер, кој почина синоќа. Таа објави видео од една од безбројните сцени во кои ова дуо ја забавуваше публиката покрај малите екрани.
Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, кој е најпознат по улогата на Гантер во серијата „Пријатели“, починал на 59-годишна возраст. Од него се прости неговата честа партнерка во кадарот, со која ги „направи“ најсмешните сцени кои денес многумина ги сакаат и прераскажуваат.
Џенифер Анистон напиша под нејзината објава на Инстаграм:
– Пријателите не би биле исти без тебе. Ти благодариме за смеата што ја внесе во ова шоу и во нашите животи. Ќе ни недостигаш многу!.

Тајлер починал мирно, во својата куќа во Лос Анџелес во неделата наутро, се вели во соопштението на неговиот менаџер. Во 2018 година, на Тајлер му бил дијагностициран напреднат рак на простата, кој подоцна се проширил на неговите коски.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …