(ФОТО) Мрачни тајни на „Вовед во анатомија“: На снимањето владеела омраза!

Новинарката Линет Рајс, која е уредничка на Entertainment Weekly, објави книга во која ги открила сите тајни на една од најдолгите серии на телевизија. „Вовед во анатомија“ има дури 18. сезони, а во годините на снимањето на оваа серија на снимањето не се случувале ниту малку убави работи.
Доколку не сте ја гледале оваа серија (што веројатно е невозможно) ве предупредуваме дека следат спојлери.
Што се случуваше зад камерите на „Вовед во анатомија“? Најголемиот скандал е поврзан со главните актери, Патрик Демпси и Елен Помпео, кои не можеле да се поднесат, пишува во експлозивната книга.


Фановите го доживеале најголемиот шок кога во 11-та сезона од серијата ликот на Демпси, доктор Дерек Шепард, познат како „Мекдрими“, починал. Демпси наводно бил во конфликт со многу членови на тимот, што довело до одлука да ја напушти серијата.
„Некако го тероризираше сетот. Некои членови на актерската екипа имаа траума од односот со него. Имаше таков став на снимањето што знаеше да престане да снима и да ги исплаши луѓето. Дојдоа шефовите на продукцијата и имавме сесии со нив. Мислам дека само му здосади серијата. Не му се допаѓаше непријатноста да доаѓа и да работи секој ден“, изјавил еден од продуцентите на серијата, Џејмс Д. Париот.

Поранешниот извршен продуцент Џенин Реншо ја истакна нетрпеливоста на Демпси и неговата партнерка на екранот, Елен Помпео.
„Имаше моменти кога Елен беше фрустрирана од Патрик и се лутеше што тој не работи колку што треба. Многу ѝ беше важно работите да бидат фер. Едноставно не и се допадна Патрик да се жали дека е предоцна или дека работи предолго, кога има двојно повеќе сцени во епизодата од него. Актерите само гледаат на работите од нивна перспектива. Тој е како дете…Тој е дете во одделението кое сака да оди на пауза“, рекла таа.

Интервју за книгата дал и Патрик Демпси, кој признал дека најголем проблем му бил распоредот на снимање.
„Тоа траеше 10. месеци, 15. часа дневно. Никогаш не го знаете вашиот распоред, па кога детето ќе ве праша: ‘Што правите во понеделник’, вие ќе кажете ‘не знам’, бидејќи не го знам мојот распоред“, објаснил тој.
„Да се ​​работи така 11. години е предизвик. Но, мора да бидете благодарни, бидејќи сте добро платени, така што не можете да се жалите затоа што навистина немате право“, додал тој.
На крајот, кавгите станале толку чести и насилни што креаторката на серијата, Шонда Рајмс, поставила услов: или ќе го отпуштат Патрик, или таа ќе си замине.

Демпси излезе од серијата во 2015. година, откако неговиот лик загина во сообраќајна несреќа. Досега актерите главно молчеа за лошиот однос со Демпси.
Меѓутоа, во 2018. година, Помпео навести за нивната напната врска во интервју за The Hollywood Reporter. Таа рече дека неговото заминување е „момент кој бил клучен за неа“, бидејќи со години се борела да биде платена исто како Демпси.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, …