(ФОТО) Британските супермаркети на полиците ставаат „зеленчук од картон“

СУПЕРМАРКЕТИТЕ во Велика Британија користат картонски слики од овошје, зеленчук и други намирници за да ги пополнат празнините на полиците поради проблеми со снабдувањето, пишува Guardian.
Теско почна да користи слики од аспарагус, моркови, портокали и грозје, што предизвика потсмев на социјалните мрежи.


„Мммм, вкусни фотографии од аспарагус“, напишал еден корисник на Твитер.
Други се потсмеваа на преголемите слики.
„Ми се допаѓа што аспарагусот расте до оваа големина кај нас. Тоа зависи од нашата клима, сигурен сум“, пишува друг.
Клиентите забележале лажни моркови во Факенхам, картонски аспарагус во Лондон, слики од портокали и грозје во Милтон Кејнс и 2Д шишиња со течност за перење во Кембриџ.
Сето ова се случува поради недостаток на работници, што доведува до мала достапност на некои артикли во супермаркетите.
Брајан Робертс, малопродажен аналитичар во Shopfloor Insights, рекол дека само што почнал да забележува картонски исечоци на свежи производи во изминатата година, но рекол дека слични тактики биле воспоставени веќе некое време.
„Тоа стана доста вообичаено. Тоа не е само поради недостигот, туку затоа што многу големи продавници сега се едноставно преголеми“, вели тој.

Пополнување на просторот
Тој рекол дека ова е само една од низата тактики што се користат за пополнување на просторот.
Теско тврди дека употребата на слики од овошје и зеленчук не е поврзана со неодамнешните проблеми во синџирот на снабдување.
Супермаркетите и производителите го намалија опсегот на различни видови тестенини, кафе или чаеви што ги продаваат за да го олеснат протокот на стоки.
Некои гломазни и не многу исплатливи артикли, како што се флаширани газирани пијалоци и вода, исто така се симнати од листата на приоритети за испорака поради недостаток на возачи, што значи дека може да има поголеми празнини на полиците од вообичаеното.
Во меѓувреме, порастот на онлајн купувањето остави многу супермаркети да не чуваат непрехранбени производи како телевизори, ЦД-а или котлиња, како што правеа некогаш, оставајќи празен простор што многумина не успеаја да го пополнат со алтернативни производи.
Картонски исечоци од скапи предмети како што се детергенти, протеински прашоци и алкохолни пијалоци како џин, исто така, понекогаш се користат за да се спречи кражба во продавниците. Сликите на артиклите се ставаат на полиците за да се покаже достапноста, а клиентите го добиваат вистинскиот производ на благајната.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …