Поранешен шпански фудбалер (38) пронајден мртов – настрадал од мобилен телефон во када

ТАЖНА вест од Шпанија. Сантијаго Отеро (38), поранешен шпански фудбалер и поранешен играч на Овиедо, е пронајден мртов во својот стан. Несреќниот Отеро го пронашла неговата сопруга, која се вратила дома наутро од ноќната смена, а според првите информации, причината за несреќата е бизарна. Фудбалерот починал од струен удар предизвикан од телефон кој паднал во кадата.
Отеро наводно влегол во кадата и со себе имал мобилен телефон што го ставил на полнење. Во еден момент, уредот паднал врз него и струен удар го убил несреќниот играч. Од болницата потврдиле дека Отеро има изгореници на градите.
Отеро играше во Овиедо, најмногу во јуниорските селекции како напаѓач, а подоцна кариерата ја изгради преку голем број шпански клубови од пониска лига.
The Sun пишува дека се уште се чека на официјалната изјава на шпанската полиција и извештајот од обдукцијата.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …