(ВИДЕО+ФОТО) Луѓето разочарани се шегуваат со споменикот на Тоше Проески во Нова Градишка: „Ако ова е Тоше, јас сум Пленковиќ!“

Вчера во Нова Градишка беше откриен споменикот на Тоше Проески, но многумина на социјалните мрежи почнаа да пишуваат дека статуата воопшто не личи на покојниот пејач.
Откривање на споменикот на Тоше Проески во Нова Градишка



„Намерата е добра, но статуата воопшто не личи на Тоше“, напиша коментаторот.
„Добро е дека пишува дека е Тоше“.
„Ако ова е Тоше, тогаш јас сум Пленковиќ“.
„Ниту Македонците не би го препознале“.
„Ова е резултатот кога неакривен поп крштева деца“.

„Да ми е да ги видам лицата на луѓето кога градоначалникот го тргна чаршафот и ја покажа статуата“.
„Ако Саша Матиќ ја завршил работата, тогаш е добро“.
„На прва ми личи на Тома Здравковиќ“.
„Ова е можеби Тоше, но после сообраќајката“.
“Некој си играл со глина, но добро, тоа не е полошо од терминаторот на Туѓман”.
„За вкусовите не се разговара… но ова е навистина хммм“.

„Неговото семејство треба да биде обештетено за овој ‘чин’“.
„Изгледа како Масимо од помладите денови.
Да потсетиме, статуата на Проески ја изработи скулпторот Славко Буниќ, а на откривањето присуствуваа амбасадорот на Македонија – Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка – Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево – Томе Христовски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …