СЕ ОГЛАСИЛ И СОПРУГОТ НА УБИЕНАТА СНИМАТЕЛКА: Имал да каже само ЕДНА РАБОТА за Алек Болдвин и ТРАГЕДИЈАТА!

Актерот Алек Болдвин (63) во несреќен случај ја убил снимателката Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Суза. Режисерот излегол од болница и се опоравува, а Халина починала од прострелна рана.
Сето тоа се случило на филмски сет во Санта Фе.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Keanu Reeves Fan Page (@keanureevesfanpage2020)


По завршувањето на студиите на Универзитетот во Киев, Халина се преселила во Америка. Во Калифорнија го запознала адвокатот Метју Хачинс, со кој добила син.
Медиумите во петокот наутро го контактирале сопругот на директорот на филмска фотографија. Метју рекол дека разговарал со актерот.
„Разговарав со Алек Болдвин и тој ми дава голема поддршка“, изјавил Метју Хачинс за Daily Mail.


Да потсетиме, Алек Болдвин пукал од реплика на пиштол на филмски сет во Ново Мексико и во таа прилика ја убил Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза, објавија локалните власти.
Според властите, Хачинс со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде била констатирана смрт, додека Соуза со возило на брза помош била пренесена во регионалниот медицински центар Крист Св. Винсент, каде што минал третман за повредите.

Халина Хачинс починала од прострелна рана која ја добила за време на снимањето на филмот „Rust“, а имала 42 години. Халина беше застрелана во импровизирана црква на сетот на снимањето.
Според истражителите, немилиот настан се случил за време на снимањето на сцена која вклучувала употреба на реквизити на огнено оружје, кога се случило пукањето.
Во тек е истрагата за видот на испуканите куршуми.

Фото: Монтажа/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗАТЕМНУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО НА 4. ДЕКЕМВРИ ВАКА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ВАШИОТ ХОРОСКОП: Некои ќе блеснат како ѕвезди, на други минатото ќе им се ПОВАМПИРИ!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …