(ВИДЕО) Џули во Белград дошла поради Ѓоковиќ – „Најдобар ден во мојот живот“

Еден од можеби најверните обожаватели на Новак Ѓоковиќ, Џули, го посетила Белград и ја искористилс можноста да помине време со својот идол.


Џули своите впечатоци и среќа го споделила на својот Твитер профил во друштво на Ѓоковиќ.
„Дел од животот. Привилегија. Сон кој се оствари. Денеска играв тенис со Новак Ѓоковиќ во Белград и тоа беше еден од најубавите денови во мојот живот досега. Ти благодарам многу Новаче”, рекла Џули.


Таа додала видео на кое се гледа како игра со првиот тенисер на светот, но и друго видео на кое се гледа како Ѓоковиќ и таа се натпреваруваат во своевидна верзија „тенис бочи“, на која целта била да се фрли топката од средината на тениското игралиште кон основна линија, па победник е оној чија топка ќе застана поблиску до целта.
Ѓоковиќ загуби во тој судир, иако се обидел „на измама“ да прогласи побед.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …