(АУДИО СНИМКА) ШОК! Протече СНИМКАТА од брза помош откако Болдвин ја усмртил колешката – Жена вреска и го обвинува ОВОЈ ЧОВЕК!

Слушнете што рекла помошничката сценарист!
Невидена трагедија на филмскиот сет се случи кога актерот Алек Болдвин пукаше од пиштол, кој требаше да биде наполнет со „ќорци“ и во таа прилика ја уби снимателката Халина Хачинс, а го рани режисерот Џоел Суза.
Истрагата ќе утврди како во него се пронајдени вистинските куршуми. Објавена е и аудио снимка од повикот на Брзата помош, испратена од сетот неколку моменти по пукањето.

Асистентот сценарист го обвинил помошникот режисер
Повикот го упатила жена која веднаш кажала што се случило на ранчот „Бонанца крик“.
„Две лица беа случајно застрелани на сетот, пиштолот беше реквизит, итно ни треба помош“, вели жената, објаснувајќи дека сите тие го напуштиле објектот кога пиштолот пукнал.
„Имавме проба, не знам дали беа вистински куршуми. Не знам колку е сериозно крварењето, и двајцата само паднаа, но свесни се. Истрчав надвор”, вели видно вознемирената жена. Операторот и објаснува дека има голем број прашања што треба да и ги постави и дека треба да се обиде да одговори најдобро што може.

Жената потоа крева телефон и му вели на некој од страна „дали го слушна, го**ар еден, помошник на режисерот, уште ми се дере а тој требало да ги провери пиштолите, тој е одговорен“, но потоа мажот го презема телефонот и вели дека се двајцата ранети се уште се живи, свесни и дека им помага болничарот од сетот.
„Да, тие се свесни, не сум сигурен колку е сериозно, не сме со нив. Мислам дека двајца луѓе имаат прострелна рана“, вели тој, а операторот потоа му вели дека ќе му објасни како да се забави крварењето.
„Имаме медицински техничар на сетот, мислам дека веќе го прави тоа. Почекајте да видам дали можам да се доближам… Еден од ранетите лежи. Тој крвари. Ние сме на првата капија“, вели тој.

Слушнете ја снимката:

Фото: Монтажа/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Блаж Маротов со „Нека се вратат златните времиња“ не потсетува на некои други оптимиситчки периоди и места

Блаж Маротов има нова песна… малку поразлична од неговиот претходен опус…со наслов „Да ги вратиме …