(ФОТО) Славниот глумец,Том Харди, имал секс со мажи, а што мисли сега за неговата машкост?

Том Харди се враќа во продолжението на филмот за суперхерои „Venom“, базиран на истоимениот роман на Марвел. Актерот вели дека поради таа улога, но и поради претходните, на луѓето им изгледа помажествено.


Сепак, Харди, кој глумеше и во филмовите „Bronson”, „Warrior”, „The Dark Knight Rises”, „Mad Max: Fury Road”, вели дека воопшто не се чувствува така. Наместо тоа, тој објаснил дека има „поприродно женствено чувство“.
„Посакувам да бев еден од мажествените момци, но секогаш се чувствував малку поинаку. Можеби моите машки квалитети се резултат на компензација бидејќи јас не сум еден од нив”, рекол Харди.


View this post on Instagram


A post shared by Tom Hardy (@tomhardy)

Две години пред да стане широко познат на американската публика со глумењето во филмот „Inception“, Харди ја запознал својата сегашна сопруга Шарлот Рајли во 2008. година на сетот на серијата „Wuthering Heights“.
Парот се вери следната година, а во брак се од 2014. година. Родители се две деца, а Харди има и 13-годишен син од претходната врска.
Актерот (44) во една прилика за „Сан“ изјавил дека тоа што родителот му дал цел, како и дека повеќе се грижи за тоа како го води животот.
Но, не било секогаш така. Том Харди во едно дамнешно интервју признал дека во младоста експериментирал со се, од дрога до секс.

Во 2010. година, Харди зборуваше за неговата флуидна сексуалност и хомосексуалните односи во тинејџерските години.
Запрашан дали имал секс со маж, Харди потоа за магазинот „Nau“ одговорил: „Секако дека имав. Јас сум актер за је * оте“.
„Сум пробал сè и со секого. Ми се допаѓа добар физички изглед, но сега … не ми оди. Завршив со експериментирањето, но има доста работи во врска со другите мажи, посебно со хомосексуалните мажи, кои ми требаат во животот“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Блаж Маротов со „Нека се вратат златните времиња“ не потсетува на некои други оптимиситчки периоди и места

Блаж Маротов има нова песна… малку поразлична од неговиот претходен опус…со наслов „Да ги вратиме …