(ФОТО) Признала дека со операциите си го уништила лицето, а еве како денес изгледа познатата шведска актерка!

Шведската манекенка и актерка Брит Екланд ќе остане запаметена како девојката на Бонд, Мери, во филмот „Човекот со златен пиштол“ кој и ја донесе титулата секс симбол.
Брит е родена во Стокхолм во 1942. година и еднаш за своето детство изјавила: „Беше тешко. Изгледав ужасно. Се обидов да бидам духовира и смешна за да го сокријам фактот дека сум дебела и грда“.
Како тинејџерка го напуштила училиштето и почнала да патува, каде што ја забележал агент и и предложил да оди на филмски аудиции.
Активно работела во доцните шеесетти и во текот на седумдесеттите, а се појави и во филмовите „Machine Gun McCain”, „Get Carter”, „What the Peeper Saw”, „The Ultimate Thrill”“. Работела и на телевизија, а во 2020 година се појавила во серијата „The Real Marigold Hotel“.

Таа се омажила за актерот Питер Селерс во 1964. година и заедно поминаа четири години. Таа била и со музичарот Род Стјуарт, со кој во врска минала две години, од 1975. до 1977. година.

Денес, оваа актерка има 79. години и според неа, пластичните операции имале многу лош ефект врз нејзиниот живот. Таа за „Дејли мејл“ признала дека се кае за сите процедури што ги направила на лицето и опишала дека „филерите за усни и ботоксот се најголемата грешка во мојот живот“: „Најголемата грешка во мојот живот. Поминав 20. години плачејќи. Тогаш имав илјадници инјекции, обидувајќи се да поправам сè и сè уште ги добивам. Тоа ми ја уништи кариерата како и мојот живот. На сите би им кажала само: не правете го тоа”, рекла таа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Блаж Маротов со „Нека се вратат златните времиња“ не потсетува на некои други оптимиситчки периоди и места

Блаж Маротов има нова песна… малку поразлична од неговиот претходен опус…со наслов „Да ги вратиме …