(ФОТО) Позната актерка во четврта фаза на рак: „Има денови кога сè ме боли, но јас сум среќна!“

АКТЕРКАТА Оливија Њутн-Џон се бори со рак на дојка во четврта фаза. Таа во емисијата „Today“ раскажала како се чувствува и зборувала за своето здравје.
„Се чувствувам прилично добро. Иако има денови кога сè боли”, рекла Оливија и додала дека „низ патувањето со ракот наидува на различни изненадувања и пресврти”.
За да ја ублажи болката предизвикана од нејзината тешка болест, Оливија, признава, дека користи канабис што го одгледува нејзиниот сопруг. Актерката изјавила дека тој и е најголемата поддршка и дека е навистина среќна и покрај болеста.

За потсетување, на Оливија Њутн-Џон и беше дијагностициран рак на дојка во 1992. година. Таа закрепна по хемотерапија и операција, но нејзиниот тумор се врати во 2013. година, а потоа и во ноември 2018. година.
„Имав среќа што сè уште сум жива… Кога ќе ти дијагностицираат рак или ќе ти дадат лоша дијагноза, обично ти даваат одреден период, ти кажуваат колку ти останало. Ако некој ти каже дека имаш шест уште неколку месеци живот, веројатно ќе живеете затоа што сте верувале во тоа. Не сакам да ја знам статистиката, не сум дел од статистиката“, изјавила еднаш Оливија за странските медиуми.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Блаж Маротов со „Нека се вратат златните времиња“ не потсетува на некои други оптимиситчки периоди и места

Блаж Маротов има нова песна… малку поразлична од неговиот претходен опус…со наслов „Да ги вратиме …