(ФОТО) Одбележан месецот за борба против рак на дојка

Во месец октомври ја подигнуваме свеста за ракот на дојката и ги поддржуваме жените во намалување на ризикот од оваа болест. По тој повод,денес 22.10.2021  во Рамстор Мол се одржа настан за одбележување на месецот за борба против рак на дојка.

Како гости на овој настан, кои дадоа поддршка со своето обраќање,присуствуваа г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на Претседателот  на Република Северна Македонија, г-ѓа Даниела Адемоска –сопственик и ГенераленДиректор на Рамстор Македонија и Биба Додева – Претседател на здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“,кои заедно со жените вработени во РамсторМакедонија го поддржаа овој настан.


-Рамстор Македонија како општествено одговорна компанија и компанија каде што 60% од вработените се припаднички на женската популација,  со одбележувањето на денешниот настан  имаме единствена цел – да ја искажеме својата поддршка на сите оние кои имале какво било искуство со ракот на дојка  но и за сите оние за кои треба да ја подигнеме свеста за потребата од рано дијагностицирање и превентивни активности затоа што се работи за здравјето, и затоа што сите треба да покажеме сплотеност и солидарност.


Сметам дека ваквите настани се показател за нашата подготвеност како општество  за поддршка и активности со цел да се зголеми  свеста  како и  отворено да се збори за ракот како болест .

„Голема благодарност до Г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска која  го поддржа овој настан со нејзиното ценето присуство и своето обраќање, До Претседателот на Здружението Борка-Биба Додева за одличната  досегашна соработка и секако  Благодарност до сите вработени со кои покажавме дека заедно сме посилни, и дека можеме да направиме уште повеќе“ –изјави Г-ѓа Даниела Адемоска – сопственик и Генерален  Директор на Рамстор Македонија .

Од здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“ делеа информативни едукативни материјали на посетителките во трговскиот центар. Како поддршка и во знак за борба против ракот на дојка со моќ да ги воздигнат и инспирираат другите, жените вработени во Рамсторе Македонија направија заедничка фотографија облечени во маичките на Борка.

Заедно сме посилни,да направиме уште повеќе!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елизабет Харли во тесен фустан кој едвај и ги покрива градите

Британската актерка Елизабет Харли (56) на својот Инстаграм профил објави кратко видео од снимање и …