(ФОТО) Емилија Кларк (35): Преживеала два мозочни удари, но никогаш не ја симнува насмевката!„Мислев дека е готово. Тоа е тоа. Моето време истече”

Актерката која се прослави со улогата во серијата „Игра на тронови“ на 23. октомври ќе наполни 35. години, а преживеала многу и никогаш не ја симнува насмевката од лицето.

Емилија Кларк е родена во Лондон и секогаш со гордост истакнува дека низ вените тече една осмина од индиска крв, бидејќи нејзината баба по мајка е од таа земја. Таткото на Емилија работел во театар, како мајстор за звук, па како девојче поминувала многу време зад сцената, впивајќи ги мирисите и звуците на оваа уметност. Така се родила голема љубов кон актерството.
Таа го усовршила својот актерски талент во училиштето Сент Ендрјус во Оксфорд, потоа во престижниот колеџ Чанг-Рен Нијан и Драмското училиште во Лондон. По дипломирањето во 2010. година, таа се појавила во ТВ серијата „Доктори“, а потоа и во филмот „Triassic attack“, што е нејзино актерско деби.

Пред да успее да влезе во светот на глумата, таа се занимавала со различни работи: била келнерка, работела во кол центар. Еден ден, нејзиниот живот се променил. Таа добила покана за кастинг во „Игра на тронови“ и по таа аудиција за неа започнува сосема нов живот.
Ликот на Денерис Таргариен, која ја глумеше во многу популарната серија „Игра на тронови“, и донесе популарност, номинации за важни награди и вистинска актерска кариера.
Но, малкумина знаеја дека преживеала два мозочни удари за само две години.


Прв пат и се случил во 2011. година, додека се снимаше серијата, кога таа имаше само 24 години и во годината кога започна првата сезона на „Игра на тронови“ (2011-2019).

„Се облекував во соблекувалната во теретана кога почнав да чувствувам силна главоболка. Бев толку изморена од тоа што едвај можев да ги облечам патиките. Кога почнав да вежбам, морав самата себе да се присилувам низ првите неколку вежби. Тренингот не го одработив до крај, веќе ползев до соблекувалната, каде почнав да се чувствувам како некој повторно да ми ја стиска главата со ластик“, се присетила таа.
Тој ден го доживеала првиот мозочен удар, а бидејќи бил благ мозочен удар, неколку дена подоцна се вратила на работа.

Во 2013. година, актерката доживеа уште еден, овој пат значително потежок и посилен мозочен удар.

Операцијата била неуспешна, па морала да оди на трета, многу ризична операција.
По долго закрепнување, Емилија се вратила на работа и успешно ги извршила сите обврски додека еден ден повторно не почувствувала неподнослива болка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елизабет Харли во тесен фустан кој едвај и ги покрива градите

Британската актерка Елизабет Харли (56) на својот Инстаграм профил објави кратко видео од снимање и …