Се појавија фотографии од скршениот Болдвин по трагедијата на снимањето

ЈАВНОСТА се уште е во неверување по трагедијата на снимањето на „Rust“ каде Алек Болдвин ја уби снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза.
Болдвин разговарал со полицијата и по разговорот ја напуштил станицата, а на Твитер се појавиле фотографии од расплаканиот актер направени по несреќата. Ги објави порталот Santa Fe New Mexican.
На едната се гледа скршениот Болдвин кој зборува по телефон, а на другата како наведнат плаче.


Да потсетиме, испукајќи куршум од реквизит, Алек Болдвин ја уби снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза на филмот, во четвртокот во Ново Мексико, соопшти полицијата. Инцидентот се случил за време на снимањето на филмот Rust, се вели во соопштението на шерифот на округот Санта Фе.

„Канцеларијата на шерифот потврди дека две лица биле застрелани за време на снимањето на „Rust“.Директорката на фотографија, Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) биле застрелани кога продуцентот и актер Алек Болдвин (68) испукал куршум од реквизитите, се вели во соопштението на полицијата.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, …