Седум волшебни намирници кои убиваат вируси и штитат од грип

Природните состојки се најмоќните извори на антиоксиданси кои го зајакнуваат нашето тело.
Во наредниот период, особено за време на глобалната корона пандемија, лекарите препорачуваат да го зајакнеме организмот, имунитетот и да бидеме подготвени да им излеземе во пресрет на вирусот и грипот. Ви донесуваме листа од седум намирници од природата кои ќе го зачуваат вашето тело и ќе го зајакнат вашиот имунитет за да бидете подготвени да се соочите со вирусот.


Лукот го регулира крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и помага во лекувањето на габични инфекции. Поради чудесните антибактериски, антивирусни, антигабични, антипаразитски и антиоксидантни ефекти, лукот го зајакнува имунолошкиот систем и штити од настинки и грип. Алицинот е состојката што го прави толку корисен за здравјето. Го намалува нивото на лошиот холестерол и го спречува згрутчувањето на крвта и се покажало дека има и антиканцерогени и антимикробни својства. Оваа состојка му го дава тој силен мирис кој трае долго по консумирањето свеж лук.


„Лукот содржи магнезиум, витамини Б6 и Ц, триесет и три сулфурни соединенија и сите важни амино киселини, селен и влакна“

Колку е посвеж лукот, толку е посилен мирисот. Лукот е нискокалоричен, но многу богат со хранливи материи. Содржи магнезиум, витамини Б6 и Ц, триесет и три сулфурни соединенија и сите важни амино киселини, селен и влакна.


Маслиновото масло и плодовите на маслина со нивното антиоксидативно дејство ги штитат клетките на телото и го одложуваат процесот на стареење, тие исто така имаат антиинфламаторни својства, со што се намалува ризикот од рак. Маслиновото масло не содржи холестерол и има повеќе од 77. отсто незаситени масни киселини, поради што во комбинација со антиоксидантното дејство е одличен лек за срцето и крвните садови, бидејќи ги чисти и не доведува до нивно затнување како други масти и масла. Одличен е и како прва помош за намалување на лошиот холестерол.
Истражувањата покажаа дека луѓето кои редовно имаат маслиново масло на трпеза имаат многу помали шанси да заболат од кардиоваскуларни болести во споредба со популацијата која не користи маслиново масло. Самиот плод на маслина е богат со протеини и витамини А, Д, К и Е, кои се од суштинско значење за добро функционирање на телото, а се може да се најде во маслиновото масло.

Природен мед
Познато е дека природниот мед е традиционален лек за кашлица и болки во грлото, за подобрување на крвната слика, за болести на органите за варење, ја регулира цревната перисталтика, ја помага концентрацијата и памтењето, а многу други пореметувања може успешно да лекувате со мед и други производи од пчелите. Медот спречува инфекции, ги штити забите и коските, го намалува холестеролот, го подобрува варењето, создава многу потребна животна енергија и го подобрува расположението. Медот поволно делува и на зајакнување на имунитетот на целиот организам и ја зајакнува силата на срцето и го подобрува срцевиот ритам. Покрај тоа, го подобрува варењето и ги ревитализира органите за варење и обновување на ткивата, косата и ноктите. Има антибактериско, антисептично и антигабично дејство, го подобрува исфрлањето на токсичните материи од организмот и делува против стрес и несоница, лошо расположение и раздразливост.

Антиоксидансите во зелениот чај се неколку десетици пати поефикасни од витамините Ц и Е, кои се сметаат за добри антиоксиданси. Антиоксидансите се борат со слободните радикали и на тој начин помагаат во борбата против стареењето. Тие исто така го спречуваат формирањето и ширењето на малигните клетки на ракот. Стапката на развој на рак е помала во Јапонија и другите земји на Далечниот Исток, каде што луѓето редовно консумираат зелен чај.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ИНОВАТИВНО! Рускиот лекар ОЛЕГ ТОРСУНОВ советува како да се врати функцијата на тироидната жлезда во нормала

Познат руски доктор по традиционална медицина тврди дека само движечките емоции можат да ја излечат …