Дневен хороскоп за петок, 22.10.2021: Јасно ви е дека не можете да добиете сè што емотивно посакувате, но сепак не знаете како да уживате во она што го имате…

Овен
Љубов:
Потребно е подобро да ги усогласите мислите и чувствата, за да го зачувате личното достоинство пред личност која добро ги познава вашиот темперамент и слабости.
Работа:
Прифатете поскромна деловна понуда и не потценувајте нечии интелектуални способности. Изгледате збунето пред соработниците.
Здравје:
Применете некои од техниките на релаксација, ќе уживате.

Бик
Љубов:
Со прикривање на вистината оставате лош впечаток на вашата сакана личност. Важно е да ја видите вашата грешка.
Работа:
Имате впечаток дека страдате од лоши влијанија и не сакате да прифатите различни правила кои ве ограничуваат во изразувањето.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни ситуации, сочувајте ја присебноста.


Близнаци
Љубов:
Во емотивна смисла, делувате малку провокативно кон саканата личност. Контролирајте ги вашите страсти.
Работа:
Вашето однесување укажува на нескромност или прекумерно нагласување на личните способности, што ја нарушува деловната соработка.
Здравје:
Забавете го брзото темпо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ЈА ФОТОГРАФИРАЛЕ ДОДЕКА УМИРА: Трагедијата на девојче (13) од Колумбија го шокираше светот – никој не можеше три дена да ја спаси?

ФРАНЦУСКИОТ фотограф Френк Фурние бил со девојчето до последниот здив и го фотографирал хоророт низ …