Денеска е спомен на Светиот апостол Јаков Алфеев: Лекар и благовесник во името на Исус Христ

Денес се празнува Светиот апостол Јаков Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли.
Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело, свети Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи ги демоните, лечејќи секаква мака и болест со името на Господа Исуса Христа. Неговиот труд и неговата ревност беа крунисани со голем успех. Многумина незнабошци поверуваа во Господа Христа, се основаа и устроија цркви, беа поставени епископи и свештеници. Пострада во Мисир, во градот Острацин, распнат на крст од незнабошците. Така овој голем и прекрасен апостол се пресели во Небесното Царство, за со Царот на славата да царува бесмртно.

Преподобен Андроник и неговата сопруга Атанасија
Антиохиски граѓани од времето на Теодосиј Велики. Андроник беше златар по занает. И тој и жена му беа многу благочестиви и непрестајно се трудеа да одат по патот Господов. Од својата заработка, една третина им даваа на сиромашните, друга – на Црквата, а со третата се издржуваа. Откако им се родија две деца, се договорија да живеат како брат и сестра. Но, по неиспитливата Божја Промисла, децата им умреа – во еден ден двете. И родителите беа во голема тага сè додека светиот маченик Јулијан не ѝ се јави на Атанасија на гробиштата и не ја утеши со веста дека нивните деца се во Царството Божјо и дека им е подобро таму одошто со родителите на земјата. По ова, обајцата оставија сè и појдоа во Мисир, каде што примија монашки чин – Андроник кај старец Даниил во Скитот, а Атанасија во женскиот манастир во Тавенисиот. Откако му угодија на Бога со своите долгогодишни подвизи, се преселија во Царството Небесно, најпрво светата Атанасија, а потоа осум дена по неа и свети Андроник.


Свети Стефан, деспот српски
Син на деспотите Ѓурѓе и Јерина. Со својата сестра Мара извесно време живееше на дворецот на султанот Мурат II. Во Едрене го ослепија заедно со неговиот брат Гргур. Деспотската власт над Србија ја прими во 1458 година. Наскоро мораше да се засолни од својата земја во Албанија, каде што се ожени со Ангелина, ќерка на Скендербег. Слеп и во беди, но постојано предаден на Бога, се упокои во 1468 година во Италија. Неговите мошти почиваат во Крушедол, ктиторство на неговиот син, свети Максим.

Свети Димитриј, патријарх Александриски
Единаесетти александриски патријарх после светиот евангелист Марко. Долго и мудро управуваше со своето стадо, од 189 до 231 година. Во негово време на барање на Индијците за проповед на Евангелието во Индија беше пратен свети Пантен, раководителот на прочуената катихетска школа во Александрија. Пантен во Индија го пронајде Евангелието напишано од свети Матеј на еврејски јазик.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, …