Дали Алек Болдвин може да ОДИ ВО ЗАТВОР за УБИСТВО? Еве што вели нивниот закон!

Актерот Алек Болдвин за време на снимањето случајно убил жена и ранил маж. Законот на Ново Мексико, каде што се случи инцидентот, вака го казнува убиството од небрежност.
Актерот Алек Болдвин случајно ја уби директорката на фотографија, Хелен Хачинс, и го повреди режисерот додека го снимаше филмот „Rust“ во Ново Мексико. Актерот, под засега необјасниви околности, ја уби Халина Хачинс, а го рани режисерот Џоел Суза, кој е во критична состојба.

Може ли актер да одговара за несреќа на снимање?
Убиството од небрежност, според законот на Ново Мексико, каде што се случил инцидентот, е дефинирано ако некое лице изврши убиство за време на вршење прекршок или ако лиши друго лице од живот додека извршил законски чин, но не применува соодветни мерки на претпазливост. Тоа е класифицирано како кривично дело од четврти степен и предвидува максимална затворска казна од 18. месеци со можност за условна казна.
Но, против актерот се уште не е покрената постапка. Истрагата ќе утврди и чија била вината за наполнетиот пиштол и какви проектили имало во него.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Блаж Маротов со „Нека се вратат златните времиња“ не потсетува на некои други оптимиситчки периоди и места

Блаж Маротов има нова песна… малку поразлична од неговиот претходен опус…со наслов „Да ги вратиме …