(ВИДЕО) ПОСЛЕДНАТА ОБЈАВА НА УБИЕНАТА ХАЛИНА ХАЧИНС ГИ КРШИ СРЦАТА: Немала поим дека ова ќе и биде последен слободен ден

Актерот од Холивуд, Алек Болдвин, за време на снимањето ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс, која работела на бројни филмови.
Таа починала од прострелна рана, која ја добила за време на снимањето на филмот „Рѓа“. Таа имаше 42. години. Хачинсон била застрелана во импровизирана црква на сетот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)


Само два дена пред трагедијата Халина објави видео од снимањето на филмот на кое се гледа како јава коњ во пустина. Насмеана, среќна и полна со ентузијазам, таа беше снимена додека шета низ пустината со колегите во филмот.
– Една од предностите на снимањето вестерн е тоа што можеш да јаваш коњи кога имаш слободен ден – напишала несреќната Халина.

Родена во Украина во 1979. година, Халина пораснала во советска воена база во Арктичкиот круг. Таа студурала на Националниот универзитет во Киев и дипломирала меѓународно новинарство пред да започне да работи на британски документарни продукции како истражувачки новинар. Нејзиното вистинско име е Галина.
Подоцна се преселила во Лос Анџелес и дипломирала на Конзерваториумот на Американскиот филмски институт во 2015. година. Во 2018. година била снимател во лабораторијата „21st Century Fox DP“, а една година подоцна била избрана за една од ѕвездите во подем на списание „American Cinematographer“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, …