НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп:  Премиера на преставата „ДА, ИНСПЕКТОРЕ, претстава со грешки“ во режија на Синиша Ефтимов    

На 22.10.2021 /петок/ од 19.30 ч. на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп премиерно ќе биде прикажана преставата „ДА, ИНСПЕКТОРЕ, претстава со грешки“ во режија на Синиша Ефтимов.

„Да, инспекторе, претстава со грешки“  е по мотиви на текст од Хенри Џонатан Хенри рече денеска на прес конференција режисерот  Синиша Ефтимов, кому ова му е прва соработка со прилепскиот театар.


-Задоволство ми беше да работам со екипата и првпат со  прилепскиот театар, и се надевам не последен. Дојдов со идеја да направам претстава која ќе биде на екипата, на театарот. Живееме во време во коешто елегантно се распаѓаме  и  ако веќе отмено се распаѓаме барем журката да биде до крај. Претставата се вика „Да инспекторе,  претстава со грешки“ базирана на современ англиски текст  кој е популарен  во светот. Направивме наша верзија на текстот. Претставата е некој мој поглед на она што ни се случува денеска во градот, во државата, во светот. Живееме во време кога сите се гледаме во очи и се лажеме дека се е ок и одиме натаму, а во принцип отмено пропаѓаме. Ако пропаѓаме бареме да биде забавата весела. Направивме одлична хит претстава, бидејќи ансамблот е одличен и беше задоволство да работам. Публиката точно ќе го осети она што ние  го работевме во изминатиот период– изјави режисерот Синиша Ефтимов, посочувајќи дека било предизвик да работи во прилепскиот театар со долгогодишна традиција.


Во претставата играат Илија Волчески,  Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Александар Тодески, Марија Спиркоска Илијеска, Михајло Миленкоски, Наташа Ачански, Игор Трпчески, Ангела Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски.

-Супер процес имавме. Мирен,кративен и од негова и од наша страна како актери. Се поклопивме со идеите и тоа како да изгледа финалниот производ. Создадовме заедно наше, а публиката ќе го препознае хумотрот, што е поразличен од претходните комедии и  веруваме дека ова ќе биде голем хит – изјави актерот Илија Волчески.

За актерката Марија Спиркоска Илијеска посочи дека имаат добра претстава.

-Секогаш кога  имаме драма, мелодрама, трагедија многу е полесно да се комуницира со публиката и да се доживее  емпатијата. Комедијата е нешто друго, потешко е да се дојде до тој резултат и секогаш треба да се знае мерката како тоа да се постигне, да се почувствува,  да се знае, да имаш режисер кој треба да те води. Она што го склопивме е претставата која ќе биде хит и ќе биде долго на репертоарот – изјави Илијеска.

 

Ова е втора премиера годинава на театарот „Војдан Чернодрински“ поддржана од Министерството за култура посочи на денешната прес конференција Јасмина Мицовска Станкоска, в.д директор на ЦК „Марко Цепенков“.

-Му се забалагодарувам на режисерот за убавиот процес на работа. Несебично и нескромно сакам да  потенцирам дека имаме одлична претстава во која публиката ќе ужива и ќе се бара влезница повеќе за секоја нејзина изведба – рече Станкоска.

Сценографијата и костимите во претставата се на Илина Ангеловска, драматург е Ивана Нелковска, преводот е на Дарко Јан Спасов, а тон мајстор и дизајн на звук е Томе Темелковски.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …